четврток, 6 февруари 2025

Пешак тешко повреден, го удрил возач со товарно возило

Вчера во 15.35 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на бул. „Гоце Делчев“ во Струмица, товарно возило – влекач ман со струмички регистарски ознаки, управувано од Т.С.(56) од Богданци, удрило во пешакот Д.Т.(46) од село Ангелци, Струмичко.

Објавено на

часот

Сподели

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицински центар Струмица за укажување на лекарска помош, каде подоцна починал.

За настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, по чии насоки телото на починатиот било дадено на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ