Со овој договор, како што било речено, ќе се придонесе во подобрувањето на остварувањето на правата од оваа област на корисниците во двете држави.
-Договорот предвидува електронска размена на податоците за фактот на смрт на корисниците на правата од пензиското и инвалидското осигурување и ги регулира целта, начинот на размена, обемот и видот на податоците кои се разменуваат и управувањето со нив, како и нивната запштита, се вели во соопштението од Фондот на ПИОСМ.
Директорот на Фондот, Мемов рекол дека ова е еден чекор напред во соработката, а таа може и во иднина да се проширува со размена на други податоци од интерес на двата Фонда.
Директорот на Фондот на ПИО на Црна Гора, Дробњак, истакнал дека е многу важно што се воспоствува ваква соработка и ја поздравил иницијативата на македонскиот Фонд за потпишување на Договорот.
Исто така, бил потпишан и Технички Протокол за спроведување на Договорот, а беа назначени и контакт лица за непречена и навремена комуникација за сите прашања што ги покрива тој.