сабота, 19 октомври 2024
Министерот во посета на Ѓорче Петров

Пенов: До крајот на годината ќе биде готов колекторот за отпадни води во Орман

Со поддршка од ЕУ и од Министерството за локална самоуправа општина Ѓорче Петров решава важно прашање за граѓаните изградба на колектор за отпадни води што ќе се заштити животната средина и ќе се подобри квалитетот на живеење на жителите на село Орман, рече министерот за локална самоуправа Ристо Пенов кој денеска направи увид во завршните градежни работи заедно со градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

Објавено на

часот

Сподели

„Овој проект се реализира во рамки на Програмата за прекугранична соработка Северна Македонија – Косово со  вкупен износ од 329 илјади евра. Дел од сумата е обезбедена преку ИПА Програмата на ЕУ,  со учество на Министерството за локална самоуправа од 15% и на општина Ѓорче Петров од 11.8%“, додаде Пенов.

Тој изрази задоволство од динамиката на реализација на проектот кој што е од голема важност за заштита на животната средина и кој што решава важно прашање за жителите на село Орман.

„Програмата за прекугранична соработка на Европската Унија е одлична можност за општините да реализираат важни проекти кои што се приоритетни за граѓаните. Министерството за локална самоуправа ги охрабрува општините да подготвуваат проекти и да аплицираат на јавните повици за прекугранична соработка, но притоа секогаш да ги имаат предвид реалните потреби на граѓаните“, додаде Пенов.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ