„Се работи за дел од критичната инфраструктура. На неа се гледа со посебно внимание. Постои посебен закон за таа критична инфраструктура. Ние сме членка на НАТО и не смееше да се дозволи таков скандал. Во просториите на тој дел од критичната инфраструктура, да се пресметуваат физички луѓето како да е кафеана. Мислам дека од тука треба да тргнеме и извршните органи, пред сѐ Владата да влезе во процес на расчистување. Едно е обвинителство, друго е дисциплинска постапка, трето е кадровска политика. Мислам дека таа институција е зрела за генерален ремонт“, потенцираше претседателот Пендаровски.
Во оваа насока, како што истакна претседателот Пендаровски, кога се случи инцидентот, покрај од амбасадите добил реакции и од високи претставници на НАТО, чии прашања биле во насока на тоа дали е безбедно македонското небо и за авионите на НАТО.
За екстрадицијата на осомничен за двојно убиство на Ѓорчевска и Жежовски, Љупчо Палевски – Палчо, Пендаровски рече дека може да се случи наскоро, останува само да се договорат деталите за примопредавање кои се од технички карактер.
Доцна попладнево, изјави Пендаровски, добивме информација дека неговата екстрадиција не е спорна од безбедносно-разузнавачки аспект.
„Практично сега остануваат само техничките детали од она што се нарекува меѓународна правна помош што се случува како процес меѓу двете министерства за правда. Значи, ако смеам да предвидувам, бидејќи ова не е спорно, имаше прашања што со некакви припадници на ФЕТО, паметите. Нема да има никакви условувања. Од тој аспект работата е исчистена, чиста е, и дека сега останува само да се договорат деталите за примопредавање кои се од технички карактер. Значи, дека таа екстрадиција може да се случи многу скоро“, рече Пендаровски.