петок, 21 февруари 2025

Пелистер го победи Динамо Букурешт, Митревски е херојот

Еурофарм Пелистер со 25-24 го победи Динамо Букурешт во Лигата на шампионите и остана во игра во за место во осминафиналето, играч на мечот беше голманот Никола Митревски со 13 одбрани.

Објавено на

часот

Сподели

Пелистер одлично го почна мечот, поведе со 4-1, речиси во текот на целото прво полувреме имаше водство, но Динамо направи пресврт во последните минути и на одморот романскиот тим замина со предност од 13-12.

Големата борба продолжи во вториот дел, двете екипи се менуваа во водство, на крајот Пелистер победи со 25-24.

Митревски е херојот на битолчани, македонскиот голман во последните секунди одбрани удар за израмнување на Динамо.

Тој мечот го заврши со 13 одбрани, најефикасен беше Тајник со шест голови. Во составот на Динамо најдобар беше Каспарек со пет погодоци.

Лоша вест за Пелистер е тоа што и Висла Плоцк победи денеска, тие го совладаа Фуксе Берлин со 32-27.

За да оди понатаму Пелистер ќе мора да победи уште еден меч во последните две кола, а противниците се исклучително тешки. На 27. февруари македонскиот шампион му гостува на Фуксе Берлин, а на 6. март во Битола доаѓа ПСЖ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ