среда, 5 февруари 2025

Патот Маврово – Галичник непрооден

Регионалниот Центар за управување со кризи Тетово известува дека од 3 декември патот Маврово-Глаичник сѐ уште е непрооден. Од Македонија пат – пункт Маврово известуваат дека ќе прават договор со трети лица за расчистување на тој пат во текот на неделата. Од АМСМ информираа дека поради магла, на Плетвар е намалена видливоста, а снег провејува на Попова Шапка, Стража и Маврово.

 

Објавено на

часот

Сподели

Регионалниот ЦУК Гостивар информира дека Општина Маврово-Ростуше извести дека патот до село Дуф е прооден и дека екипата за расчистување е на терен за довршувањето на работата.

Од АМСМ информираа дека поради магла, на Плетвар е намалена видливоста, а снег провејува на Попова Шапка, Стража и Маврово.

Сите патни правци во државата се проодни без забрани, застои и ограничувања.

На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

Од 15.11.2024 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ