петок, 18 октомври 2024
Личните карти и возачките дозволи ќе важат само во државава

Пасошите без „Северна“ по 12 февруари престануваат да важат

По 12 февруари годинава не важат пасошите на кои стои „Република Македонија“, а не „Република Северна Македонија“ иако се со неизминат рок, потврдуваат од Министерството за внатрешни работи. На територија на државава ќе важат возачките дозволи на кои нема „Северна“, а кои се со важечки датум. Граѓаните со лична карта на која не пишува „Северна“, а има валиден датум ќе можат да ги завршат сите административни и шалтерски обврски во државава, што значи дека и пензионерите ќе може да извадат панзија во банките.

Објавено на

часот

Сподели

Но, со непроменета лична карта на која пишува „Република Македонија“, а не „Република Северна Македонија“ нема да може да се патува во Албанија, Косово, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Казни нема да има ако не сте ги промениле документите, но нема да може да се излегува надвор од државава. Возачката без „Северна“ ќе важи на територија на државава, но нема да важи надвор од границите каде со неа треба да се управува моторно возило. Меѓународна возачка дозвола не е потребна за во Република Албанија, Босна и Херцеговина, Германија, Италија, Косово, Србија, Црна Гора и Шпанија.

За патување во Грција, Бугарија, Турција, Хрватска, Словенија и во други земји од ЕУ со сопствено возило, треба да поседувате, покрај домашна, и меѓународна возачка дозвола која во АМСМ може да се извади за 1.100 денари. Но, ако имате валидна меѓународна дозвола, а на домашната пишува „Република Македонија“, а не „Северна“, иако таа има валиден датум и не е истечена, по автоматизам на Преспанскиот договор домашната возачка дозвола надвор преку македонските гранични премини не ви е валидна.

До 12 февруари 2024 година, граѓаните имаат законска обврска да ги сменат личните документи на кои наместо досегашното име Република Македонија, треба да стои новото име, кое произлегува од Преспанскиот договор со Грција, односно Република Северна Македонија.

Премиерот Димитар Ковачевски вчера изјави дека за евентуалното пролонгирање на рокот на важност на пасошите во кои пишува Република Македонија не разговарал со грчките власти бидејќи, како што рече, обврската ја презел претседателот на државата.

„Може да се донесат законски измени, но станува збор за документи за надворешна употреба и потребен ни е некаков договор со грчките власти“, рече Ковачевски.

Бројот на сменети документи од 5.7.2021 до 31.12.2023 според податоците на МВР е: лични карти 1.007.885, пасоши 1.169.463 и возачки дозволи 529.799.

Официјално е дека сите пасоши без „Северна“ не важат по 12 февруари годинава.

К.Д.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ