Протестите во Ереван завршиле без инциденти, но високиот свештеник на Ерменската апостолска црква кој ги предводи протестите вети дека тие ќе продолжат, повикувајќи ги присутните на мирна непослушност, пренесува Асошиејтед прес.
Massive demonstrations in Armenia's capital yesterday due to Armenia's government reaching an agreement on border demarcation with Azerbaijan. pic.twitter.com/Fm1v1x4O2r
— Foreign policy (@ForeignpolicyWB) May 10, 2024
Ерменија во април соопшти дека ќе ја отстапи контролата над некои погранични области на Азербејџан.
Одлуката следи по брзата воена акција во септември во која азербејџанската војска ги примора властите на етничките Ерменци во регионот Нагорно Карабах да капитулираат.
Откако Азербејџан презема целосна контрола над Нагорно Карабах, околу 120.000 луѓе избегаа од регионот, што е речиси целосното етничко ерменско население.
Пашинјан кажа дека Ерменија мора брзо да ја дефинира границата со Азербејџан за да избегне нова рунда непријателства.