вторник, 22 октомври 2024
Обраќање на Џафери за придонесот на Парламентот во работата на Советот за човекови права на ОН

Парламентите се природни партнери на Советот за човекови прaва на Обединетите нации

Објавено на

часот

Сподели

Улогата на парламентите, како што посочи Џафери, е од суштинско значење и за преточувањето во националното законодавство на препораките што произлегуваат од меѓународните механизми за човекови права, вклучително и Универзалниот периодичен преглед, кој претставува еден од позначајните механизми на Советот за човекови права на Обединетите нации за преглед на исполнувањето на обврските во областа на човековите права на секоја држава членка на Обединетите нации.

„Парламентите се природни партнери на Советот за човекови прaва на Обединетите нации, а оваа врска е препознаена и во резолуциите на Советот за улогата на парламентите. Тие можат активно да се вклучат во секоја фаза од процесот на Универзалниот периодичен преглед. Парламентите и парламентарците може да дадат свој придонес во подготовката на националниот извештај и да ја охрабрат Владата да спроведе широк процес на консултации“, рече претседателот на Собранието.

Во рамките на презентацијата на националниот извештај пред Советот за човекови права на ОН, како што посочи, пратеници од соодветните комисии можат да учествуваат на седницата на Советот, како дел од државната делегација.

„По одржувањето на интерактивниот дијалог со Советот за човекови права и добивањето на извештајот и препораките, парламентите се тие што треба да ги спроведат потребните законодавни и буџетски усогласувања. И на крај, парламентите, а особено парламентарните тела за човекови права, можат да го следат и контролираат спроведувањето на препораките добиени во текот на Универзалниот периодичен преглед“, додаде Џафери.

Тој истакна дека Република Македонија има спроведено три циклуси на Универзалниот периодичен преглед и тоа во 2009, 2013 и 2019 година. За жал, како што додаде Џафери, Собранието досега не беше вклучено во подготовката и презентацијата на националните извештаи, ниту во следењето на исходот од добиените препораки и доброволно преземените обврски за унапредување и заштита на човековите права.

„Согласно четвртиот циклус на Универзалниот периодичен преглед, земјава треба да го достави својот национален извештај до февруари 2024 година, а интерактивниот дијалог со Советот за човекови права ќе се одржи во април, или мај 2024 година во Женева. Денешниот настан претставува прв чекор во активното вклучување на Собранието во процесот, кој треба да е објективен, транспарентен, сеопфатен и инклузивен, со вклучување на што е можно повеќе институции и претставници од граѓанскиот сектор. Верувам дека ова нема да остане само на овој прв чекор, туку во иднина ќе можеме редовно да придонесуваме за оваа обврска“, нагласи во обраќањето Џафери.

На настанот се обратија и постојаната координаторка на ОН, Росана Дуџaк, координаторт во Одделот за УПП нa Канцеларија на Високиот комесар за човекови права на ОН, Сепиде Мохаџер, претседателот на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот на Собранието, Халил Снопче и претседателката на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите, Гордана Силјановска-Давкова.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ