„Исплатата на МојДДВ е во тек и заклучно со денешен датум 19 февруари 2025 година, од вкупно 496.543 корисници на МојДДВ исплатени се средства на 344.000 корисници. Во наредните денови па се до крајот на месец февруари, кога е и крајниот рок за исплата на средствата за последниот квартал од 2024 година, ќе бидат обработени податоците и за останатите 152.543 корисници и средствата ќе бидат исплатени на нивните сметки. За скенирани сметки во период октомври – декември 2024 година кон корисниците на МојДДВ ќе се исплатат над 870 милиони денари по основ на МојДДВ“, велат од УЈП.
Промена на податоците во однос на ажурирање на трансакциска сметка треба да извршат само оние корисници на „МојДДВ“ кои немаат исплатено средства за скенирани сметки во претходни исплати, односно во претходни тримесечја не им биле исплатени средствата.