Папата за време на своето обраќање на плоштадот Свети Петар рече дека никогаш не треба да заборавиме дека војната секогаш е пораз и дека затоа треба да се вложат сите напори за да ѝ се стави крај на војната, пренесе Ројтерс.
Папата (87) денеска повторно го ограничи своето учество во обраќањето до јавноста поради здравствени проблеми, односно поради тоа што не заздраве целосно од бронхитис и грип.
И денес, помошникот на папата читаше поголем дел од обраќањето на Франциско.
Папата Франциско во почетокот на овој месец изјави дека Украина треба да започне преговори со Русија.