среда, 23 октомври 2024

Папата: Сексуалното уживање е дар од Бога

„Сексуалното уживање е дар од Бога“, но католиците мора да избегнуваат порнографија, порача папата Франциско, а пренесува Гардијан. Папата ова го кажа денес за време на мисата посветена на „порокот на страста“ на плоштадот Свети Петар.

ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Сексуалното уживање е нешто што треба да се негува“, кажа тој, но го „поткопува порнографијата“, а „задоволството без вистинска врска може да создаде облици на зависност“. „Мораме да ја браниме љубовта“, кажа папата и додаде: „Победата во борбата со страста може да биде животен потфат“.

Се претпоставува дека со оваа порака папата Франциско сакаше да им одговори на своите конзервативни критичари кои минатата недела се разгневија откако се појави книга со сексуално експлицитна содржина која пред неколку децении ја напиша еден ватикански кардинал.

Книгата ја напиша Виктор Мануел Фернандес, аргентински кардинал близок до папата, и во неа меѓу другото се опишуваат разликите меѓу машкиот и женскиот оргазам. Фернандес подоцна кажа дека денес сигурно не би напишал таква книга.

Папата пред две години предупреди на „ѓаволот на дигиталната порнографија“ признавајќи дека свештениците и свештеничките исто така гледаат порнографија. „Тоа е порок кој има толку многу луѓе. Толку лаици, но и свештеници и свештенички. Од таму влегува ѓаволот“, кажа тох тогаш.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ