вторник, 22 октомври 2024

Папата Франциско мора да оди на итна операција

Објавено на

часот

Сподели

Се додава дека неговиот медицински тим претходните денови одлучил дека е потребна операција и дека се очекува папата да остане во болница неколку дена за да се опорави.

Агенцијата Анса јавува дека процедурата ќе трае околу два часа и дека папата ќе биде под целосна анестезија.

Папата Франциско ќе биде однесен во болница по неговата неделна аудиенција во Ватикан во среда наутро, а за време на настанот не ја споменал планираната операција. Во вторникот тој помина 40 минути на преглед во болницата Гемели.

Папата, кој ја одбележа 10-годишнината од својот понтификат во март, често користи инвалидска количка или бастун за да оди поради болки во коленото.

Во јули 2021 година, дел од дебелото црево му беше отстранет при операција поради дивертикулитис.

Папата минатата година изјави дека не сака да го оперира коленото бидејќи општата анестезија за операцијата на дебелото црево му предизвикала непријатни несакани ефекти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ