сабота, 20 јули 2024
Лига на шампиони

Пандев: На хартија Сити е голем фаворит, но Интер има свое оружје

Објавено на

часот

Сподели

Манчестер Сити е голем фаворит против Интер, а ако победат во Лигата на шампионите ќе освојат тројна круна бидејќи веќе триумфираа во Премиерлигата и ФА Купот.

Горан Пандев верува дека Интер има шанси во финалето иако можеби навидум не изгледа така.

„На хартија изгледа дека Сити е голем фаворит, но Интер има оружја со кои може да го стави Сити во тешка позиција и јас сум убеден дека тоа ќе го направат. Да не нѐ залажуваат тие 4-0 со Реал Мадрид, зашто сега финалето е на неутрален терен. А, Англичаните, како и ние во таа 2010 година, се борат за тројна круна, за такво нешто е изграден тимот, ама тоа може да им донесе уште поголем притисок од вообичаеното“, вели Пандев за италијанските медиуми.

„Сити е тим кој ве турка позади, во Мадрид (во 2010 година), Баерн се обиде да го направи тоа со нас, па не им успеа. Тоа што Интер мора да го направи е да го дочека финалето во врвна кондиција, зашто максималната физичка подготовка за ваков меч ја прави разликата“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ