среда, 5 февруари 2025

Панделевски: Обвинителката Лиле Стефанова манипулира со судскиот процес „Империја“

Цветан Панделевски изнесе обвиненија кон обвинителката Лиле Стефанова, која, како што вели, се обидува да продолжи со судскиот процес во случајот „Империја“, иако Јавното обвинителство пред шест месеци ги повлекло обвиненијата против него. Панделевски ја обвини Стефанова дека се обидува да покрене ново обвинение против него за наводна измама, која, според него, не постои.

Објавено на

часот

Сподели

„Сакаме да укажеме на неетичкото и непрофесионалното делување на обвинителката Стефанова, која се однесува према судот и кон мене како неправедно осомничен, според своите лични желби. Таа закажува рочишта, се повлекува од истите, дополнува обвинителни акти и ги спојува различни предмети, со единствена цел да ми наштети без никакви материјални докази“, вели во писмената изјава Панделевски.

Тој посочи дека Стефанова, иако е запозната со правните практики, го игнорирала основните правни процедури во текот на процесот. Според Панделевски, Врховниот суд јасно потврдил дека Стефанова и Јавното обвинителство не се овластени да преземаат дејства во предистражни и истражни фази, што го потврдило и решението за укинување на мерката притвор против него во 2019 година.

„Стефанова обвинението го поднесе по дури 48 месеци, што е повеќе од двојно од дозволениот максимален рок од 21 месец. Ова е сериозна повреда на процесните права на осомничените и влева сомнеж во целиот процес“, додава Панделевски.

Тој нагласува дека обвинителката, и покрај постојаните пречки, продолжува да ја манипулира ситуацијата. На последното рочиште во јуни, Стефанова, според Панделевски, се обидела да го пренамени обвинителниот акт, додавајќи нови лица како оштетени, и тоа без никакви правни основи.

„Таа свесно знае дека не постои никакво кривично дело на моја страна и дека Кираца Трајковска, која сега се претставува како оштетена, всушност е обвинета во друг предмет од страна на истите лица кои сега ја претставуваат како жртва“, објаснува Панделевски.

На крајот, Панделевски изрази загриженост за продолжувањето на притисокот од страна на Стефанова, која, како што вели, не само што ја користи својата позиција за да му наштети на него, туку и врши закани кон него и неговото семејство за да го принуди да признае вина.

„Овој постапка има знаци на неуспешен обид за рекет, што дополнително го доведува во прашање праведноста на целата истрага и на судскиот процес“, заклучи Панделевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ