понеделник, 21 октомври 2024

Палестинскиот премиер прсна во плач на состанок на владата (ВИДЕО)

Палестинскиот премиер Мохамед Штаех се расплака за време на состанокот на кабинетот на палестинските власти додека раскажуваше приказна за мајка чии деца биле затрупани под урнатините на Газа. Израелската армија веќе еден месец жестоко бомбардира цели во Газа со цел да се одмазди за нападот од милитантите на Хамас.

Објавено на

часот

Сподели

„Децата си ги пишуваат имињата на своите тела за да може телата да се идентификуваат. Мајката на три деца што се затрупани под урнатините им порачува на своите деца: ‘Да ве видам, макар и на сон’“, рече Штаех и се расплака.

„Израелскиот министер за наследство не беше задоволен со 10.000 мртви, повеќе од 25.000 ранети и милион раселени. Сакаше да ја види Хирошима во Газа. Сакаше да види геноцид извршен со нуклеарна бомба што Израел ја поседува. Крвожедната личност сака да убива заради убивање“, продолжи тој.

„Меѓународниот кривичен суд сега мора да издаде налог за апсење на криминалците како чекор на претпазливост за да се запре машината за убивање. Ги поздравувам земјите што ќе поднесат барања до судот за кривично гонење на криминалците. Од совесните луѓе и бранителите на човечките вредности се бара брзо да дејствуваат за да се запре агресијата што го претвори Појасот Газа во појас на крвта“, рече тој.

Откако ги отфрли повиците за прекин на огнот, Израел е под постојан притисок да се обиде да избегне цивилни жртви за време на воените операции. Газа е едно од најгусто населените места во светот, каде што милитантите на Хамас се мешаат со цивилното население и го користат како жив штит.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ