понеделник, 21 октомври 2024

Палестинка од американскиот Конгрес му се заканува на Бајден

Американската конгресменка Рашида Тлаиб, првата Палестинка која служела во Конгресот, го обвини Џозеф Бајден дека го поддржува геноцидот врз Палестинците. Таа го предупреди за последиците на следните избори.

Објавено на

часот

Сподели

Претставничката на Демократската партија од Мичиген во видеото објавено на мрежата Х (порано Твитер) ги повтори своите повици до претседателот Бајден да поддржи прекин на огнот во речиси едномесечниот конфликт меѓу Израел и Хамас.

„Џозеф Бајден го поддржува геноцидот врз палестинскиот народ. Американскиот народ нема да го заборави тоа. Бајден, поддржете го примирјето сега или не сметајте на нас во 2024 година“, рече таа.

Вашингтон ја задржа силната воена и политичка поддршка за Израел, а истовремено го повика својот сојузник да преземе чекори за да избегне цивилни жртви и да ја реши хуманитарната криза во Газа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ