понеделник, 21 октомври 2024

Пакистан почнува масовна депортација на Авганистанците

Пакистан почна масовна депортација на Авганистанците без документи кои нелегално престојуваат во земјата, вклучувајќи илјадници луѓе кои избегаа од талибанските власти и на кои им се закануваат прогони од талибанците по повлекувањето на американските трупи од Авганистан пред две години.

Објавено на

часот

Сподели

Во октомври пакистанската влада даде рок за 1,7 милиони авганистански бегалци кои живеат во земјата до 1 ноември доброволно да ја напуштат земјата или ќе се соочат со апсење и присилна депортација. Полицијата ги предупреди изнајмувачите да избегнуваат изнајмување домови на бегалци без документи.

„Денес се простивме од 64 авганистански државјани кои го почнаа своето патување дома“, објави на Твитер пакистанскиот министер за внатрешни работи со видео од група Авганистанци кои се качуваат на автобус. „Оваа акција е резултат на пакистанската решителност да ги врати во татковината сите лица кои престојуваат во земјата без соодветна документација“, додаде тој.

Покрај агенција за помош на бегалците во Авганистан, талибанските власти формираа и комисија за пружање основни услуги на повратниците, вклучувајќи привремено сместување, храна, здравствени услуги и превоз до нивното одредиште. Камиони на талибанската војска се товараат со бегалци кои од границата одат кон своите покраини.

Исламабад најави депортација на авганистанските бегалци откако милитантната група позната како Техрик е талибан Пакистан, или ТТП, ги засили нападите во Пакистан во последните две години. Исламабад долго ги обвинуваше авганистанските талибанци, сега авганистанската влада, дека ја поддржуваат ТТП, што авганистанските талибанци го негираат.

Меѓу оние кои добиле известување за депортација се активисти за женски права, музичари и луѓе кои работеле за владата во Кабул, која ја поддржуваа САД пред да се повлечат од Авганистан во 2021.

„Наредбата за депортација за нив е смртна казна“, вели Лени Кордола, американски музичар од Пакистан за Си-би-ес њуз.

Обединетите нации кажаа дека се „крајно вознемирени“ од пакистанското колективно казнување на речиси 2 милиони авганистански бегалци, и тоа пред зимата, и изразија загриженост поради кршењата на правата на загрозените.

„Веруваме дека многумина од оние кои се соочуваат со депортација ќе бидат изложени на сериозен ризик од кршење на човековите права ако бидат вратени во Авганистан, вклучувајќи апсење и притворање, мачење и друго нечовечко постапување“, кажа Равина Шамдасани, портпаролката на високиот комесаријат на ОН за човекови права.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ