Односите на Исламабад и Техеран се заострија минатата недела откако Иран нападна две воени бази на сунитската милитантна група Џаиш ал Адл во Пакистан. Пакистан на тоа одговори со спроведување „прецизни воени напади“ против наводни терористички засолништа во Иран. Во нападите беа убиени девет лица.
Пакистанскиот министер за информации Муртаза Соланги кажа дека Џилани „заслужува пофалби за визионерскиот ангажман и најбрзата успешна деескалација во историјата на дипломатијата“.
Истовремено, кинескиот министер за надворешни работи Сун Веидонг ќе отпатува во Пакистан како медијатор. Кина порача дека сака да помогне да се надминат разликите меѓу Иран и Пакистан. Кина минатата недела беше доведена во непријатна ситуација, бидејќи Пакистан ѝ е долгогодишен сојузник, а неодамна се приближи до Иран за да го прошири своето влијание на западна Азија.