петок, 18 октомври 2024

Пад на Ѓорческа и Ивановски на новите листи

Објавено на

часот

Сподели

Лина Ѓорческа е за 28 места послаба во однос на минатата недела, сега е на 252. место на најновата ВТА листа. Причина за тоа се загубени 40 бода, кои лани ги освои со пласманот во финалето во Оломуц во Чешка, во овој период, а оваа година не го одбрани тој дострел и загуби во третото коло. Две позиции погоре е втората македонска тенисерка која ужива ранкинг, Магдалена Стоилковска, но само поради движењето на конкуренцијата, сега е на 1365. место.

Од истата причина пад од четири позиции има и Калин Ивановски, кој не губеше бодови, остана на 155, сепак сега се наоѓа на 335. скалило на АТП-листата. По пет позиции напредуваа Горзад Србљак и Обрад Марковски, првиот до 1.127, вториот до 1.222 место.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ