понеделник, 21 октомври 2024
Министерот за внатрешни работи на пратенички прашања

Ова е држава, не е драгстор во кој ќе влезе некој, ќе плати и ќе добие државјанство, вели Спасовски

Објавено на

часот

Сподели

„Не е доволно само да поднесете барање и од утре да очекувате дека ќе добиете државјанство ако одредени услови не се исполнети. Мора сите да разбереме , ова е процес и ова е држава, не е драгстор во кој ќе влезе некој, ќе плати и ќе добие државјанство. Мора да поминат постапките и само преку поминати постапки може да се добие држајанство. Тоа се условите кои треба да бидат исполнети“, истакна Спасовски во одговор на пратеничката Илире Даути која се пожали дека се пробиени роковите за давање државјанство на некои лица.

Според министерот, факт е дека одреден број баратели на државјанство покренуваат постапка по еден член, а исполнуваат услови по некаков друг член.

„Пратеничке, за секоја постапка што се води, имате добиено одговор во моментот и ние не можеме да кажеме – утре ќе добиеме ако не е завршена целата постапка и ако не се обезбедени сите документи. Факт е дека голем дел од луѓето кои поднесоа барања, а ги исполнуаат условите за добивање државјанство, тоа го добиле. Факт е дека одреден број баратели на државјанство покренуваат постапка по еден член, а исполнуваат услови по некаков друг член, тоа е работа на самите странки и ќе треба во тој дел, таму каде што имаат основа, да ги поднесуваат барањата“, објасни Спасовски. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ