петок, 18 октомври 2024

Отворен е конкурсот за наградата која го носи името на легендарниот лидер на ЕКВ, Милан Младеновиќ

Објавено на

часот

Сподели

Конкурсот (по правилото: еден автор – една песна) е отворен до 31 мај 2023 година. На кандидатите им се препорачува да обрнат посебно внимание и на текстот и на музиката.

„Лично, многу внимавам на текстот и на темата што е избрана и на начинот на кој тој текст е поткрепен со музика: што е аранжман, што е драматично, што е продукција, што е жанр“, вели Ана Ѓуриќ Констракта, една од членовите на стручното жири.

Секоја година жирито е регионално. Оваа петта година, освен Констракта, членуваат и авторката и уредничка на емисијата „Бунт“ Бранка Главоњиќ (Србија), музичарот Борис Лејнер (Хрватска), музичарот Зоран Предин (Словенија) и писателот и музичар Марко Шелиќ Марчело (Србија).

Сите тие се вклучени во потрага по наследникот на македонската пејачка Дина Јашари, која престижната награда ја доби лани, за песната „Дома“.

Повеќе информации околу конкурсот и наградата може да најдат на интернет страница на Фондацијата „Милан Младеновиќ“.

Наградата „Милан Младеновиќ“ е основана со цел да ја поттикне музичката креативност, која се карактеризира со вредностите својствени на неговото уметничко наследство. Се доделува за најдобра песна на територијата на поранешна Југославија на церемонија на 21 септември – денот на раѓањето на Милан. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ