недела, 29 декември 2024

Османи во Советот за безбедност: Итно да се воспостави мир во регионот на ОБСЕ

Објавено на

часот

Сподели

Ставајќи акцент на 30-годишнината од партнерството помеѓу ОБСЕ и ОН, особено во областите на спречување конфликти и управување со кризи, Османи повика на синергијата за постигнување мир за сегашните и идните генерации.

„Како што безбедносните предизвици продолжуваат да се развиваат, природата на соработката на ОБСЕ со ОН исто така мора да се развива, но и да станува попрагматична и ориентирана кон акција. Силните партнерства и заедничките стратегии се единствениот начин за ефикасно справување со сè покомплексните безбедносни предизвици, особено во време на војна, економски тешкотии и кризи“, рече Османи во своето обраќање пред Советот за безбедност.

Политичката визија на нашето претседавање е во мотото „За луѓето се работи“ преку кое сакаме да потенцираме дека безбедноста на луѓето е наш врвен приоритет. Која е целта на нашите политички дејствија, на национално и на меѓународно ниво, ако останеме неми пред страдањата на луѓето, праша Османи.

„Како лидери, имаме одговорност да им служиме на луѓето, да ги заштитиме и да се погрижиме нивниот глас да биде слушнат. Светот се соочува со невидени предизвици за кои цената ја плаќаат токму луѓето. Време е да преземеме решителна акција. Не можеме да си дозволиме да чекаме повеќе, додека страдањето на луѓето продолжува“, рече Османи и уште еднаш ја повика Русија да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина и да стави крај на страдањето на луѓето.

„И покрај сите тешкотии, ќе продолжиме да ја промовираме безбедноста на луѓето преку поддршка на одржлив економски раст, основните човекови права, толеранција и недискриминација како предуслови за сеопфатна безбедност“, рече Османи и повика ОБСЕ и ОН да го покажат на дело целиот свој потенцијал и да не дозволат заедничките принципи и заложби да бидат само празни фрази.

Токму соработката помеѓу ОБСЕ и ОН во годините што изминаа, покажува дека преку заедништво може да се постигнат резултати, рече Османи.

„Искуството од минатото и научените лекции ни даваат соодветни насоки за иднината. Свесен сум дека новите предизвици може да бараат прилагоден и нов пристап, но во секој случај, партнерството на ОБСЕ со ОН е и ќе остане од витално значење. Мораме да ги зголемиме напорите за заеднички да го одржиме мултилатерализмот, особено во однос на сеопфатната безбедност“, рече Османи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ