Во агендата се предвидени и бројни билатерални средби.
„На агендата има и бројни билатерални средби со високи државни претставници на САД, како и со истакнати личности од граѓанскиот сектор и тинк – тенк организации. Фокусот ќе биде на продлабочување на билатералните односи и креирање нови патишта за идна соработка. Северна Македонија ќе има приоритетна позиција во американската администрација“, најави Османи.
Во македонската делегација е и министерката за одбрана Славјанка Петровска која веќе е во САД, како и министрите за економија и за култура, Крешник Бектеши и Бисера Костадиновска-Стојчевска.
„Преку одржувањето на стратешкиот дијалог, Северна Македонија и САД влегуваат во нова фаза во изградба на меѓусебните релации, што е особено значајно не само за земјата, туку и за целокупниот регион, особено во контекст на актуелните безбедносни закани. Воедно, тоа е и израз на нашите заеднички заложби за зајакнување на врските и промовирање на споделените вредности за демократски развој и стабилност во регионот“, рече Петровска.
Во нејзината агенда, како што најави, се повеќе средби во Пентагон, како и во Стејт департментот и Белата куќа.