Ќе ги исполнат врвни македонски пејачи, Наде Талевска, Ана Петановска, Светлана Јовановска (South Park), Горан Наумовски, Денис Димоски, Дејан Бобиќ Дексо, Марија Димитријевиќ, Јасна Димитровска заедно со Битолскиот камерен оркестар IWConnect под дригентската палка на Владимир Димовски и Полифонија.
Миланка Рашиќ, коментатор на оскаровското шоу и автор на емисијата за филм „Во кадар“ на МТВ, ќе ја води публиката низ оскаровските приказни. Филмската магија на сцената ќе ја создадат и настапите на балетските уметници Саша Ефтимова и Ендрју Кук, како и танчерите од танц клубот Dancers United.
Модната куќа Елена Лука со гламурозните креации ќе даде моден печат на оваа блескава музичко филмска ноќ, исто како и на првата Оскаровска гала вечер.
„Музичкиот избор од оскаровските песни е извонреден. Сигурна сум дека публиката ќеужива во маестралните изведби на големите хитови и во нашиот музичко филмски времеплов“, вели Миланка Рашиќ.
„Ова е еден од ретките настани во нашата земја на кој се изведува музика со врвен квалитет. Преку овој концерт се чувствуваме како дел од оскаровската магија“, вели Горан Наумовски.
Пристигнувањето на посетителите на црвениот тепих е од 19.30., а концертот Оскаровска гала вечер ќе почне во 20 часот.
Настанот ќе се одржи точно една недела пред 97-та оскаровска церемонија во Лос Анџелес.