петок, 18 октомври 2024

Орбан за „планот за победа“ на Зеленски: Повеќе од застрашувачко

Унгарскиот премиер Виктор Орбан го нарече украинскиот план од Западот да бара оружје и безбедносни гаранции „повеќе од застрашувачки“. Орбан на социјалните мрежи ја објави реакцијата на „планот за победа“ кој вчера го изнесе украинскиот претседател Володимир Зеленски пред состанокот на Европскиот совет, на кој требаше да се преговара за идна помош на Европската Унија за Киев.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Денес претседателот Зеленски ќе го претстави својот план за победа. Она што вчера го изнесе во украинскиот парламент е повеќе од застрашувачко“, напиша Орбан додавајќи дека наместо испраќање повеќе оружје на Украина, потребни се прекин на огнот и мировни преговори.

„Јас сум еден од оние кои ја повикуваат ЕУ да ја смени својата моментална стратегија. Европската Унија влезе во оваа војна со лошо организирана, лошо изведена, лошо пресметана стратегија, за која главната одговорност ја сноси претседателката на Европската комисија“, порача Орбан мислејќи на Урсула фон дер Лаен.

„Ја губиме оваа војна, така што стратегијата не функционира. Но тоа не значи дека ни треба повеќе војна, поопасно оружје со поголем дострел – тоа значи дека мораме да се префрлиме од воена стратегија на мировна стратегија. Ни треба прекин на огнот и мировни преговори“, кажа тој.

Орбан додаде дека ќе им се јави на германскиот канцелар Олаф Шолц и на францускиот претседател Емануел Макрон што побрзо да почнат преговори со Москва „во име на цела ЕУ“ за да „најдат излез од оваа ситуација“.

Ставот на унгарскиот лидер го доведува во конфликт со лидерите на ЕУ, вклучувајќи го шефот на дипломатијата Жосеп Борел, кој сака да види одлука за „деблокирање на плаќањето од Европскиот фонд за мир и за пружање поголема воена поддршка на Украина“. Унгарија веќе повеќе од една година го блокира преносот на 6,6 милијарди евра на Киев, предизвикувајќи гнев на Брисел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ