понеделник, 21 октомври 2024

Орбан: Украинците умираат, а Русија не може да биде поразена

Објавено на

часот

Сподели

Тој посочи дека Унгарија од самиот почеток ги осудува постапките на Русија во врска со Украина, но тврди и дека реакцијата на Западот на постапките на Русија била погрешна.

„Каква беше нашата стратегија? Украинците ќе се борат и ќе победуваат на фронтот, а Русите ќе губат. Каква е реалноста? Украинците се борат и умираат. До што дојдовме? Русија нема да загуби и воопшто нема да ја промени својата политика. Затоа, мора да се соочиме со реалноста. Мора да преминеме на план Б“, рече Орбан, додавајќи дека Европската унија во моментов нема таков план.

Тој истакна дека наместо да ја преиспита својата стратегија, Брисел предлага продолжување на воената и финансиската помош за Киев. „Сепак, сосема е бесмислено едноставно да се испраќаат пари на Украинците, тоа не би довело до ништо“, рече тој, пренесува унгарскиот весник Маѓар Немзет.

Орбан заклучи дека единствениот начин да се „запре бесмислената смрт на луѓето“ е веднаш да се прекине огнот и да се започнат мировни преговори за да се постигне договор за Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ