петок, 18 октомври 2024

Орбан: Светските темели се тресат, мораме да ја зајакнуваме земјата зашто вистината без моќ малку вреди

Објавено на

часот

Сподели

Орбан на церемонијата на инаугурацијата на младите полицајци на Универзитетот за национални јавни служби кажа дека во моментов “светските темели се тресат… и дека епицентарот на глобалниот земјотрес е веднаш до нас”, мислејќи на војната во соседна Украина.

Тој напомена дека во исто време Унгарија од југ ја “опседнуваат илјадници мигранти”.

“Потребни ни се силна земја, силна влада, силна економија, силна војска, и на крајот, но не и најмалку важно, силни служби за спроведување на законите. Мораме да тренираме и да се вооружаваме. Доаѓа време кога слабите нации ќе исчезнат, а јаките ќе останат. Затоа секој ден треба да ги јакнеме нашите линии за одбрана и службите за спроведување на законите”, рече Орбан.

На свеченоста одржана пред Лудовицеумот, историската зграда на универзитетот, Орбан кажа дека таа зграда е симбол на “верноста на татковината, служењето на нацијата, одговорноста за заедницата, сознанието дека силните се должни да ги спасат оние послабите”.

“Потребни ни се јаки луѓе, зашто вистината без моќ малку вреди”, нагласи унгарскиот премиер.

Зборувајќи за младите луѓе што ја одбираат кариерата во полицијата, Орбан рече дека нивниот избор е “декларација на нивниот унгарски идентитет”.

Орбан истакна дека младите полицајци ѝ се придружија на успешната и угледна организација која во минатата деценија ја заслужи и ја задржа довербата на луѓето.

Стапката на криминалот во Унгарија опадна, а земјата стана една од најбезбедните членки на Европската Унија, наведе Орбан.

На церемонијата, на која 166 дипломци положија заклетва, присуствуваа министерот за внатрешни работи Шандор Пинтер, министерот за одбрана Кристоф Шалај-Бобровнички и највисоките функционери на полицијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ