вторник, 4 февруари 2025

Орбан: Путин, за разлика од Брисел, секогаш ги исполнува своите ветувања

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека рускиот претседател Владимир Путин, за разлика од официјален Брисел, секогаш ги исполнува своите ветувања, додавајќи дека Унгарија може да ѝ верува на Русија во иднина бидејќи тесната соработка со Москва е во геополитички интерес на Будимпешта.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Кога требаше да се вратам на власт во 2009, се сретнав со Путин и договорив дека ќе се фокусираме на иднината. Ми беше јасно дека добрите односи со Москва и тесната економска соработка се во интерес на Унгарија“, кажа Орбан, истакнувајќи дека склучиле многу договори и дека Путин секогаш го исполнувал кажаното.

Унгарскиот премиер во интервју за швајцарскиот весник Ноје цирхер цајтунг додаде дека искуството од изминатите 15 години покажува дека Унгарија може да ѝ верува на Русија. Орбан објасни дека неговата земја историски секогаш била лоцирана во триаголникот Москва-Берлин-Истанбул, како и дека со секоја од тие земји имала негативни искуства.

„Се сложив, сепак, со Путин да ја оставиме историјата на нашите две земји на историчарите. Не сакам ниедна земја да ја окупира Унгарија, ниедна голема сила нема право да им кажува на Унгарците како да живеат. Денес Русија, меѓутоа, не ѝ се заканува на нашата слобода, ни на суверенитетот“, оцени унгарскиот премиер.

Според Орбан, тој за време на последната средба со Путин во јули 2024 директно го прашал рускиот претседател дали има проблем со тоа што Унгарија е членка на НАТО, на што тој одговорил дека нема, бидејќи Будимпешта не распоредила оружје на својата територија кое Москва може да го гледа како закана.

Унгарскиот премиер додаде дека во извесна смисла Брисел веќе е закана за неговата земја.

„Лесно е да се постигне рационален договор со Русија. со луѓето во Брисел тоа е речиси невозможно. Тие ги поддржуваат само моите противници во домашната политика“, истакна Орбан и додаде дека морал да ги порази Брисел и невладините организации.

Унгарскиот премиер заклучи дека е тешко да се седи на иста маса со оние кои сакаат да те уништат на секои избори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ