четврток, 13 февруари 2025

Орбан: Иднината во Германија ја пишува АфД (ВИДЕО)

Унгарскиот премиер Виктор Орбан разговараше денес во Будимпешта со копретседателката на десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) Алис Вајдел и порача дека таа партија е иднината на Германија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Иднината во Германија ја пишува АфД. Чест е што претседателката на таа партија Алис Вајдел ја посети Будимпешта“, напиша Орбан на социјалните мрежи.

Како што пренесуваат унгарските медиуми, најважна тема на разговорот била европската емиграциска криза.

Орбан и кандидатката за германски канцелар се согласија дека сопирањето на нелегалните миграции, јакнењето на безбедноста на Европа и можноста за промена на европскиот политички правец се клучните задачи.

Друга клучна тема била прашањето на европската мировна и воена политика.

Орбан претходно изјави дека, иако не се сложува со АфД за сè, постојат многу прашања за кои делат исти ставови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ