понеделник, 21 октомври 2024

Орбан: Ако ЕУ не може да ги исполни своите цели, која е воопшто нејзината поента?

Објавено на

часот

Сподели

„Современиот облик на европска соработка имаше два главни придвижувачи – мирот и социјалната благосостојба. Доколку Европската Унија не може да ги исполни двете свои оригинални цели, која е воопшто нејзината поента?“, праша тој.

Унгарија веќе некое време се наоѓа на удар на критики од Брисел, кој Орбан го обвинува за авторитаризам и обиди за ограничување на владеењето на правото.

Орбан, од друга страна, Европската Унија ја критикува за нејзината надворешна политика. Тој повеќе пати истакна дека санкциите против Русија се штетни за европската и унгарската економија и повика на нивно укинување.

Според него, прекинувањето на воената помош на Украина би го забрзало решението на конфликтот меѓу Киев и Москва.

Резултатите на полугодишното истражување на Евробарометар покажаа дека популарноста на ЕУ во Унгарија опаднала за дури 12 отсто во однос на претходното истражување, што е најголем пад во целата Унија.

Популарноста на ЕУ во Унгарија сепак останува повисока отколку во други земји на централна Европа, како Чешка и Словачка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ