сабота, 19 октомври 2024

Општина Кавадарци реши, со пајак и без полиција ќе ги трга недозволено паркираните возила

За возила на пешачки премини, места за инвалиди, зелени површини, автобуски постојки, тротоари, ќе се интервенира веднаш и ќе се тргаат со пајак – служба и без присуство на полиција. Ваква одлука донесе денеска Советот на општината Кавадарци.

Објавено на

часот

Сподели

На седницата беше кажано дека ваквото нешто било и досега можно согласно на постоечките статутарни одредби на јавното претпријатие за паркинг, но таа можност не била користена и главно се чекало да дојде полицаец. 

„Ваквата одлука е со цел да се реагира навремено, да не се создаваат проблеми на терен и да нема застои. Се работи значи главно за места на кои никако не е дозволено паркирање. За сите други возила паркирани несоодветно на други места надвор од местата предвидени за паркинг, како и досега, ќе се чека припадник на полицијата“, изјави градоначалникот за МИА. 

Тој нагласи дека со ова јавно претпријатие, паркинзите и депото, е ставен ред во сообраќајот во Кавадарци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ