„Во пресрет на најавата од Управата за хидрометеоролошки работи за екстремно ниски температури и студено време проследено со обилни врнежи од снег, силен ветер и голомразица, Општина Кавадарци информира дека е подготвена успешно да се справи со истите. Се препорачува, старите лица кои моментално живеат во планинските села да се симнат во урбаните средини“, препорачаа од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.
Воедно, упатен е и повик до ловџиите во деновите на очекуваното невреме да се воздржат од практикување на своето хоби.
Општина Кавадaрци. исто така, апелира до граѓаните, без посериозна потреба да не се упатуваат кон Бошавијата, мариовскиот дел на Тиквешијата, во ридско – планинските села, како и во оддалечените викенд населби на Тиквешкото езеро.