вторник, 22 октомври 2024

Општина Карпош: Ромската населба во Злокуќани е опасно гето, имаше тепачка со лопати, секири, а се извади и оружје

Општина Карпош денеска официјално изрази згрозеност од синоќешниот немил настан во ромската населба во Злокуќани. „Такво насилие, крволочност, со употреба на лопати, секири, ножеви… (за среќа извадениот пиштол не успеал сопственикот да го репетира), е незапаметено во историјата на Карпош“, се вели во реакцијата и се додава дека тоа не е прв инцидент и дека градоначалникот Стевчо Јакимовски повеќе пати за проблемот разговарал со полицијата.

Фото: Скриншут

Објавено на

часот

Сподели

„Оваа масовна тепачка во ова населено место не е прва. Дел од ромската населба во Злокуќани станува гето, опасност за живеењето на жителите кои сакаат мирно да ги поминуваат деновите, но уште поопасно за граѓаните кои што гравитираат во тој дел како и фирмите кои што имаат имот во оваа населба. Речиси да нема граѓанин кој што физички не е нападнат. Не постои куќа или фирма која повеќе пати не е брутално ограбена, а сторителите се познати и на мештаните и на органите на прогон.

За насилниците од оваа населба градоначалникот на општината повеќе пати изврши разговор со полициската станица Карпош и со Основното јавно обвинителство за насилниците да бидат санкционирани, затоа што овие луѓе не само што ги загрозуваат жителите на Злокуќани, туку и жителите на Бардовци и Влае 1.

Општина Карпош бара од полицијата, обвинителството и судот, најстрого да бидат санкционирани учесниците во оваа нецивилизирана, преполна со агресија тепачка својствена на средниот век, а не на цивилизирана заедница како што е оваа општина. Доколку овој немил настан не се санкционира соодветно, а границата е помината веќе со години, состојбата ќе биде уште полоша, а агресивните насилници ќе земаат се повеќе замав“, се вели во соопштението на Општина Карпош.

Попалденво МВР информира во дополнувањето на дневниот билтен дека на територијата на Карпош се случил сериозен инцидент и дека има повредени и приведени лица.

„Синоќа во 22.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Карпош, поради нарушени меѓусоседски односи, настанала физичка пресметка помеѓу Ф.Ј.(22), Б.Ј.(39) и тројца малолетници од една страна и Е.Г.(52), Г.Г.(23) и Х.Т.(29) од друга страна, сите од Скопје, при што биле употребени тврди и метални предмети. Подоцна било пријавено дека во 1.55 часот во Ургентниот центар во Комплексот клиники ‘Мајка Тереза’, додека Д.Ј.(52) со роднините С.Ј.(25) и И.Д.(38) чекал резултати за неговиот повреден син во претходната пресметка, биле физички нападнати од Е.Г.(52), Б.С.(43), А.С.(48), Б.С.(44) и И.Г.(36), при што употребиле метални и тврди предмети. Набргу, по преземени мерки, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје на подрачјето на Центар ги лишиле од слобода Е.Г., Б.С., А.С., Б.С. и И.Г.. Додека, во Полициската станица Карпош биле приведени Ф.Ј. и Б.Ј. и тројцата малолетници. По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава“, се вели во официјалното соопштение на МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ