сабота, 19 октомври 2024
По објавата дека има стаорци

Општина Аеродром за депонијата во Долно Лисиче: Посветени сме ама граѓаните пак фрлаат ѓубре

Општина Аеродром по објавата во која редакцијата на МКД.мк информираше дека на депонијата во Долно Лисиче има стаорци на големата депонија која се наоѓа кај реката Вардар, односно местото кое ги дели Општина Аеродром и Гази Баба, им посочи на граѓаните дека чистата животна средина е обврска на сите граѓани. Општина Аеродром не одговори на нашите прашања дали и кога повторно ќе се исчисти депонијата, дали некој е казнет и дали ќе се казнува, како и што ќе се преземе за стаорците кои шетаат низ ѓубрето и по улиците.

Објавено на

часот

Сподели

За посочениот случај, односно за конкретната локација ве информираме дека станува збор за депонија која се наоѓа на територијата на општините Аеродром и Гази Баба. Онаму каде што има територијални надлежности, Општина Аеродром во континуитет врши расчистување на сите депонии. Општинските служби, пред неколку месеци, односно во текот на месец април презеле активности за нејзино целосно расчистување, но граѓаните и понатаму, за жал отпадот го депонираат на посочената локација. Паралелно со надлежните комунални служби, инспекциските служби на Општина Аеродром работат во две смени со цел да детектираат потенцијални загадувачи и лица кои депонираат отпад на несоодветни локации. Општина Аеродром  преку редовните активности за чистење и одржување на хигиената, но и преку активностите за чистење и дислокација на депониите останува посветена на обезбедување здрава и чиста животна средина за граѓаните. Но чистата животна средина е одговорност и обврска на сите нас и во оваа прилика повторно апелираме до граѓаните, отпадот да го одложуваат на соодветен начин и локации кои се наменети за тоа“, стои во одговорот од општина Аеродром до МКД.мк.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ