понеделник, 21 октомври 2024

Опозицијата во собранието на Србија бара забрана за ископување литиум

Дел од опозицијата во Србија денес во собранието поднесе предлог измена на законот со која се бара забрана за истражување и експлоатација на литиум и бор.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Опозициските пратеници бараат вонредна седница на парламентот на која би се расправало за нивниот предлог.

До иницијативата за забрана на литиумот доаѓа откако владата на Србија ова лето го оживеа планот на меѓународниот рударски гигант Рио Тинто за отворање рудник во долината Јадар на западот на Србија.

„Измената на законот (за рударство и геолошки истражувања) е единствено барање на еколошките организации, поставено на првиот протест ова лето во Лозница и ние тоа го поддржавме“, изјави потпретседателката на опозициската Партија на слободата и правдата Маринка Тепиќ.

Тепиќ кажа дека, доколку владејачката Српска напредна партија ја одбие оваа иницијатива, ќе биде ставен јасен знак за еднаквост меѓу СНС и компанијата Рио Тинто.

Таа додаде дека копањето литиум нема врска со „нешто што е зелено“.

Претседателката на парламентот Ана Брнабиќ на иницијативата на опозицијата одговори дека е лицемерно тоа што тие кои порано ги менувале законите во корист на Рио Тинто и им дале права за истражување, денес бараат забрана за истражување литиум и бор.

Брнабиќ наведе дека власта е спремна да разговара „што се однесува до предлог законот, или кој било друг предлог закон“ и дека ќе го стави на дневен ред.

„Лично едвај ја чекам оваа седница, да се види кој е одговорен за овој проект“, истакна Брнабиќ.

Опозицијата бара и формирање комисија која би истражила што се случило со народната иницијатива, која движењето Тргни-придвижи во мај 2022 ја испрати до српското собрание.

Петицијата да се забрани истражување и копање литиум и бор тогаш ја потпишаа 38.000 граѓани на Србија, но таа до ден денес не е ставена на дневниот ред на парламентот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ