Светската побарувачка за нафта ќе порасне следната година за 1,85 милиони барели дневно, покажува првата прогноза за 2025 година, објавена во месечниот извештај на ОПЕК.
Потврдена е и прогнозата за 2024 година, според која побарувачката би требала да порасне за 2,25 милиони барели дневно.
Светската економија би требало следната година да порасне за 2,8 отсто, во однос на проценетите годинешни 2,6 отсто, благодарение делумно и на снижувањето на каматните стапки, според пресметката. Главните придвижувачи на потрошувачката би требало да бидат Кина, Блискиот Исток и Индија.
ОПЕК прогнозата за следната година ја објави невообичаено рано за пазарот да добие долгорочни насоки, се наведува во објаснувањето, додавајќи дека објавата на прогнозата која доаѓа надвор од вообичаените краткорочни рамки служи како поддршка на разбирањето на пазарната динамика.
Прогнозите на ОПЕК за 2024 се разликуваат од оние на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА). Двата важни играчи во областа на енергетиката се судираа во минатите години околу прашањето како долгорочната побарувачка и потребата за вложувања во поголемо производство.
Организацијата напоменува и дека производството на нејзините членки благо пораснало на крајот на 2023, одразувајќи го големото количество барели во Нигерија, и покрај договорот за намалување на снабдувањето за да се стабилизираат цените.