вторник, 22 октомври 2024

Олимпијада за децата кои го менуваат светот

Објавено на

часот

Сподели

Олимписките игри во Скопје претставуваат уникатен настан. Натпреварувачите мора брзо да го пресметаат точниот резултат, исклучиво ментално – без никакви помагала (хартија, молив или калкулатор). Една од најинтересните дисциплини е Анзан – натпревар во собирање и одземање на долга серија броеви кои се емитуваат на екранот со екстремно големи брзини: до 3 броја во секунда.
Процесот на учење брза пресметка се заснова на древен јапонски калкулатор – абакус. На овој начин се постигнува успешен тренинг на мозокот, создаден со идеја за вежбање различни ментални капацитети, како што се: меморија, концентрација, визуализација, аналитичко и логичко размислување.
Олимпијадата ја организира училиштето Малац генијалац кое има свои локации во Скопје, Охрид, Кавадарци, Велес, Битола, Кичево, Штип и Куманово.
Настанот, кој промовира успешно образование и здрав натпреварувачки дух е поддржан од Соко Горица и ОУ „Лазо Ангеловски“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ