понеделник, 21 октомври 2024

Огромна корупциска афера во Португалија. Премиерот поднесе оставка

Португалскиот премиер Антонио Коста денеска поднесе оставка поради истрагата за наводните неправилности извршени од неговата мнозинско социјалистичка администрација во управувањето со проекти за ископ на литиум и водород во земјата.

Објавено на

часот

Сподели

Тој ја објави одлуката во телевизиска изјава по средбата со претседателот Марсело Ребело де Соуса. Рече дека совеста му е чиста, но дека повеќе нема да се кандидира за премиер.

Претходно денеска, обвинителите го именуваа министерот за инфраструктура Жоао Галамба како официјално осомничен и го приведоа шефот на кабинетот на Коста. Опозицијата побара владата веднаш да поднесе оставка.

Откако обвинителите рекоа дека Коста е исто така под истрага, премиерот бил „целосно достапен за соработка“ со правосудниот систем.

„Достоинството што со себе го носи премиерската функција не е компатибилно со никакво сомневање за неговиот интегритет, добро однесување, а уште помалку со сомневање за учество во какво било криминално дело“, изјави Коста за новинарите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ