На средба со министерот за транспорт на Република Косово, Либурн Алију, се разговарало и за евентуално патно поврзување и изградба на патниот правец Тетово-Призрен со изградба на заеднички тунел како гранична точка меѓу Македонија и Косово.
„Двете страни се согласија да се формира работна групи, која ќе ги разгледа можностите за реализација на овој проект“, соопшти Министерството за транспорт.
Во рамки на посетата, делегациите оствариле и посета на неколку инфраструктурни проекти што се реализираат во Косово, а кои се од регионалано значење.
„Двете страни се согласија дека Македонија и Косово имаат добра економска и политичка соработка и ја потенцираа потребата оваа соработка да се интензивира во духот на добрососедските односи“, истакнуваат од Министерството за транспорт.