недела, 29 декември 2024

Одземање на пасошот и јавување во судот – одредено од Кривичниот суд за Деспотовски

Основниот кривичен суд го прифати предлогот на Јавното обвинителство и на поранешниот директор на ТИРЗ, Јован Деспотовски, му определи мерки на претпазливост одземање на патната исправа и повремено јавување во судот, потврдија од Кривичен за МИА.

Објавено на

часот

Сподели

Претходно, од Обвинителството соопштија дека надлежниот јавен обвинител доставил предлог до Основниот кривичен суд Скопје за одземање на патната исправа и обврска за повремено јавување во судот, како мерки на претпазливост за Деспотовски, за кого се води истрага за злоупотреба на службената положба.

Како што информираа од Основното јавно обвинителство Скопје, во тек се активности од страна на Основното јавно обвинителство Скопје и Управата за финансиска полиција.

Дел од медиумите денеска објавија дека Деспотовски бил приведен за наводна проневера на два милиона евра во ТИРЗ Струмица и ТИРЗ Штип, по што тој демантираше дека веста не е точна. Но соопштението на ОЈО Скопје за истрага, и потврдата за прифатените мерки за претпазливост од Кривичниот суд, се појавија во јавноста по демантот на Јован Деспотовски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ