сабота, 5 октомври 2024

Мисајловски: Одлично за размислување, но Владата не ја разгледува идејата за враќање на воениот рок

Министерот за одбрана Владо Мисајловски, смета дека идејата за враќање на задолжителниот воен рок е одлична за размислување, но во овој момент тоа прашање не се разгледува во Владата.

Објавено на

часот

Сподели

Според Мисајловски,пред да се започне со какви било активности за враќање на задолжителниот воен рок, треба да се разгледаат сите безбедносни предизвици и да се направи посебна анализа од Генералштабот,

Сепак, на прашањето дали можеби се размислува за враќање на задолжителен воен рок, по примерот на некои земји од соседството, Мисајловски рече, дека ако се прашува тој лично „секој млад човек треба да помине еден дел од животот на овој начин“, но дека треба да се гледаат и реалните состојби.

„Знаете дека многу касарни порано биле дадени на општините и дел од имотот исто така е даден. Но, од друга страна треба да се разгледаат сите безбедносни предизвици,да се направи посебна анализа од сите безбедносни структури, посебно од ГШ, па потоа да се размислува за вакво прашање. И затоа пред да влеземе во ваква идеја треба да ги видиме сите можности и предизвици со коишто би се соочиле и потоа да дискутираме за ваква работа. Но, ако ме прашате мене лично – се разбира дека е убаво и за младиот дух и за секој еден човек бидејќи навистина на тој начин се идентификувате и како постабилна личност. Навистина е тоа одлично за размислување, но во овој момент тоа не го разгледуваме како Влада“- одговори Мисајловски на новираско прашање што му беше поставено на методско-показната вежба на Армискиот полигон Криволак.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ