петок, 18 октомври 2024

Одбојкарите со нов пораз од Украина го завршија настапот во Златната лига

Објавено на

часот

Сподели

Одбојкарската репрезентација на Македонија со две победи и четири порази на последното место на табелата во групата го заврши настапот во Златната лига.

Украинците кои беа далеку подобри од сите, остварија уште една лесна победа против нас 0-3 (18-25, 24-26, 23-25).

Во нашата репрезентација Никола Ѓорѓиев со 15 поени беше најефикасен, Љафтов имаше 11. Во тимот на Украина Олех Плотнитскиј запиша 14 поени.

По шест одиграни кола Украина го освои првото место со максимални 18 бода и без загубен сет, Белгија, Хрватска и Македонија имаат по шест бода, но нашата селекција има најслаб сет количник.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ