сабота, 19 октомври 2024

Од задутре намалување на дневната температура за десетина степени

Утре ќе се задржи сончево и релативно топло преку денот,  по што во текот на ноќта кон понеделник под влијание на продор на студена воздушна маса од север ќе почне да дува засилен северен ветер што во првите два дена од работната седмица ќе услови значително намалување на дневната температура за повеќе од десет степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Објавено на

часот

Сподели

Во понеделник времето ќе биде променливо облачно и ветровито, претпладне со врнежи од
дожд, а во вторник облачно и уште постудено со повремени врнежи преку целиот ден,
особено во јужните делови.

Од среда ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со пораст на дневната температура.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ