„Ова е рекордна количина досега“, изјавија вчера членовите на венецијанското здружение на нуркачи-гондолиери, кое работи под името Гондолиер.
Во оваа акција за чистење на отпадот беа исчистени дел од Гранд Канал и помалиот канал Сан Триовасо, а следната и последна акција оваа сезона ќе се одржи на 21 април во Мурано.
Гондолиерите, заедно со волонтери, со години активно се вклучени во борбата против ѓубрето што се фрла во каналите на венецијанската лагуна.
Тие годинава во потрага по отпад се нурнаа во морето пред плоштадот Свети Марко. Оттаму извлекле пегла, три радијатори, два бојлери, неколку железни цевки и три долги сливници.
Во фрленото ѓубре пронашле и два пропелери, четири мобилни телефони, 40 гуми, илјадници стаклени шишиња и една лична карта.
Акцијата ќе трае уште неколку недели, пишуваат локалните медиуми.