недела, 20 октомври 2024

Од утрово во 6 часот посебен сообраќаен режим кон гробиштата во Скопје

Од утрово во 6 часот, како и утре во исто време, во Скопје кон гробиштата Бутел, Камник и Ѓорче Петров, поради верскиот празник задушница, сообраќајната полиција одржува посебен сообраќаен режим при што точно ги информира граѓаните по кои улици и булевари се одвива сообраќајот.

Објавено на

часот

Сподели

Кон Градските гробишта Бутел сообраќајот се одвива во една насока (кружно), односно сите возила ќе се упатат по ул.Бутелска, лево по ул.Александар Урдаревски, лево по ул.Боца Иванова и десно до влезот на гробишта Бутел, а за излез од гробиштата, десно по ул.„Боца Иванова, до кружниот тек на ул.Бутелска, па лево по ул.Бутелска и десно по ул.Кемал Сејфула, се наведува во соопштението од МВР.

Посебен режим на сообраќајот е воведен и во околината на гробишта Камник и Ѓорче Петров.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ