понеделник, 21 октомври 2024
Поднесена е кривична пријава

Од паркинг во Струга украл автомобил

ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.Р.(29) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „одземање моторно возило“.

Објавено на

часот

Сподели

На 21 август годинава, искористил згодна прилика и од паркинг простор во Струга, неовластено одзел моторно возило марка лада самара сопственост на Е.К.(25) од Прилеп.

По преземени мерки, возилото било пронајдено во Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ