вторник, 22 октомври 2024

Од Огнена група до Демократска унија за реформи, дали е на повидок нова партија

Објавено на

часот

Сподели

Порталот пишува дека до формирањето на „огнените“ „дојде како резултат на незадоволството на голем дел од членовите на претходното раководство на ДУИ од работата на членовите на Владата во овој состав“.

„Тие се нарекуваат Огнена група затоа што правеле и прават напори да ја постават ДУИ на вистинскиот пат, но очигледно тоа не го постигнаа. Впрочем, на еден од последните состаноци тие беа разрешени од централното претседателство наместо генералниот совет кој ги именуваше на партиските функции. Ова предизвика обвинувања и контра-обвинувања. Поради ова, оваа група размислува да формира политички субјект за да ја покаже својата политичка моќ на новите парламентарни избори, кога и да се случат“, пишува Журнал.мк

Во анализата на состојбите во ДУИ, порталот прашува што може да се случи ако оваа група формира политичка партија, дали ДУИ ризикува да загуби дел од гласачкото тело и во кои области е најзагрозена партијата на Али Ахмети?

„Најголем ризик од Огнената група се гледа во првата и втората изборна единица, но и во шестата изборна единица ДУИ може да претрпи штета. Иако не даде конкретен одговор, Изет Меџити во интервју изјави дека доколку ја напуштат партијата, оваа група контролира 40 отсто од гласачкото тело на ДУИ кое се протега од Липково до Струга. Првиот човек на ДУИ, Али Ахмети пак кажа дека Демократската унија за интеграција е национална програма во која е инвестирано 20 години и не може така лесно да се отповика. Потсетуваме дека таканаречената Огнена група сега како фракција во ДУИ го изразува своето незадоволство внатре во партијата, притоа нагласувајќи дека речиси две години статутарните тела на партијата не постојат и не се формирани. Оттаму велат дека „арогантното и дилетантско однесување на извршната власт на чело со Артан Грубин предизвикало незадоволство, револт и пасивност на структурите и гласачите“, пишува порталот.

 

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ