Новата малопродажна цена на еуросупер БС – 95 ќе изнесува 79 денари за литар, еуросупер БС – 98 ќе се продава за 81,5, еуродизел БС (Д-Е V) за 73, а екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 72 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 0,141 денари за килограм се зголемува малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 44,672 денари.
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,487 отсто, кај дизелот за 2,344 и кај екстра лесното масло за 2,366 отсто, додека кај мазутот има зголемување за 0,423 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,0123 отсто.