среда, 22 јануари 2025

Од ноќеска на полноќ нова цена на дизелот

Дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денара по литар, а цената на другите нафтени деривати останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,97 отсто.

Објавено на

часот

Сподели

Новата малопродажна цена на еуродизел БС (Д-Е V) е 81, а на екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) 80 денари за литар. еуросупер БС – 95 и понатаму ќе се продава за 81 денар за литар, еуросупер БС – 98 за 83 денари за литар, а мазутот М-1 НС за 45 денари за килограм.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 2,2 отсто, кај дизелот за 3,2, кај екстра лесното масло за домаќинство за 3,6 и кај мазутот за 1,3 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот во споредба со претходната пресметка е понизок за 0,1 отсто.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ